Сибиха: Русите целосно го игнорираат предлогот за трајно примирје

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, за време на онлајн состанок со колегите од Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Полска и Европската Унија, ги информираше за моменталната состојба на фронтот и разговараше, особено, за следните чекори што би можеле да се преземат, вклучително и санкции против руската економија.

Loading...

„Ги споделив најновите информации за реалната ситуација на фронтот… Русите целосно го игнорираат предлогот за целосно и долгорочно примирје кое почнува на 12 мај. Тие продолжуваат да напаѓаат украински позиции по целата фронтова линија. Москва пропушти уште една можност да ги прекине убиствата. Ова уште еднаш покажува дека единствената цел на Русија е да ја продолжи војната“, рече украинскиот министер за надворешни работи на Платформа X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Недоаѓањето на Путин во Истанбул ќе биде последен доказ дека Русија не сака мир

Тој истакна дека Украина, напротив, вложува максимални напори да ја запре војната и да ѝ даде шанса на дипломатијата.

„Претседателот Володимир Зеленски дури му понуди на Путин лична средба во четврток, но досега нема одговор“, додаде Сибиха, пренесува Танјуг.

Тој, исто така, истакна дека на состанокот со министрите се разговарало за „одлучувачки чекори“ што би можеле да се преземат, вклучувајќи санкции против рускиот банкарски, централен банкарски и енергетски сектор, како и нови пакети за одбранбена помош за Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин мора да ги разбере последиците од отфрлањето на мировните напори и продолжувањето на војната. Ги координиравме нашите следни чекори, контакти и напори за оваа недела и понатаму. Им сум благодарен на Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Полска и Европската Унија за нивната непоколеблива поддршка и неуморни напори за постигнување праведен мир“, заклучи Сибиха.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тајмс“: Британската морнарица ќе користи технологија со ВИ за следење на руски подморници