Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Шест лица се повредени вчера, од кои две потешко, при судир на „фиат“ и „тојота“ на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 04.05.2025 во 15.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од магистрален  пат Куманово – Крива Паланка и ул.„223“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(71) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната Б.С. од Република Хрватска, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Ц. и неговиот сопатник М.М.(71) од с.Алгуња, а со телесни повреди се здобиле Б.С. и нејзините сопатници Ј.Ј.(32) и  З.Т.(59), двајцата од с.Ранковце, општина Ранковце и еден малолетник од Р.Хрватска, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник (ВИДЕО)

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски