Starbase на Маск во Тексас официјално ќе стане град

Сподели со своите пријатели

Областа каде што компанијата SpaceX на Илон Маск работи на самиот југ од државата Тексас официјално ќе стане град наречен Старбејс, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Резултатите објавени од округот Камерон покажаа дека 212 лица се „за“ и шест „против“.

Милијардерот Маск на својата социјална мрежа X напиша: „Старбејс во Тексас сега е вистински град!“

Повеќето од 283-те гласачи се вработени во SpaceX.

Новиот град зафаќа површина од околу 3,9 квадратни километри, кои беа ретко населени пред SpaceX да почне да купува земјиште таму во 2012 година.

Градската власт ќе има градоначалник и двајца комесари со овластувања за урбанистичко планирање, оданочување и други локални прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Ќе возвратиме ако Израел или САД нападнат

Првиот градоначалник на Старбејс ќе биде Боби Педен, потпретседател на SpaceX. Педен беше единствениот кандидат, а двајца попечители исто така имаат врски со SpaceX.

Некои жители во близина се спротивставија на одлуката и ја обвинија компанијата дека ѝ штети на локалната животна средина.

Loading...

Во последниве години, Маск ги пресели многу од своите операции и седишта на компанијата од Калифорнија во Тексас, велејќи дека тоа е поради поповолните регулативи, како и поради неговото противење на политиката во Калифорнија, во која доминираат демократите.