Полицаец од ПС Матејче осомничен дека крадел струја

Сподели со своите пријатели

Полициското одделение Матејче поднесе кривична пријава против свој вработен кој го сомничи дека крадел електрична енергија.

Loading...

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “ по член 235-а став 1 од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој физички ја нападнал неговата мајка

Притоа електричната енергија не била регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и  професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе  предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција, стои во соопштението.

Никола Ивановски