Четириесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата мајка во семејниот дом.
Loading...
– На 29.04.2025 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.К.(41) од Куманово затоа што во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски