Петрушевски на средба со амбасадорот на Црна Гора Миљаниќ

Сподели со своите пријатели

На 29.04.2025 државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со амбасадорoт на Црна Гора во Р.С.Македонија Н.Е. Зоран Миљаниќ.

Loading...

На средбата заеднички беа потврдени одличните односи помеѓу двете земји и високото ниво на политички дијалог и соработка, како и посветеноста за натамошно продлабочување на истата.

Државниот секретар во МВР Петрушевски се заблагодари за постојаната поддршка од страна на Црна Гора, потенцирајќи ја важноста за продолжување на билатералната и регионалната соработка кои се од особено значење за двете држави.

Во фокусот на состанокот беа актуелните политички состојби во двете земји, можностите за продлабочување на соработката преку учество во регионалните и меѓународните иницијативи, со цел зајакнување на истата во контекст на справување со безбедносните предизвици и борбата против секаков вид на криминал.