Луфтханза укинува популарна услуга во авионите: Ќе влијае и на патниците, и на екипажот

Сподели со своите пријатели

Германската компанија „Луфтханза“ ја укинува продажбата на стока во авиони. Причината за оваа одлука е едноставна – продажбата за време на летовите повеќе не е профитабилна, објавуваат германските медиуми.

Loading...

– Продажбата на летови на долги релации ќе биде целосно укината од септември 2025 година – потврди портпаролот на Луфтханза за германските медиуми.

Авиокомпанијата веќе ја суспендираше продажбата на парфеми, часовници, накит и чоколади на одредени линии.

– Уште во февруари, продажбата беше намалена на оние рути што претходно се покажаа како економски неисплатливи – објасни портпаролот.

Патниците повеќе не купуваат во авионот

Многу патници ќе зажалат за оваа одлука.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Профитот на нафтениот гигант БП падна за 49 проценти во првиот квартал

Секој на кого некогаш му било смртно здодевно на исцрпувачки долг лет и не можел да заспие во тесната економска класа, на крајот ќе посегнел по добриот старомоден каталог на бесцарински производи, чекајќи зад безбедносната картичка во џебот на седиштето.

Покрај тоа, каталошките предмети зафаќаат значителен простор за складирање во авионот – простор кој очигледно е сè повеќе потребен за други цели како дел од ревизијата на услугата на летови на долги релации во сите класи.

На стјуардесите ќе им биде жал

И стјуардесите веројатно ќе жалат за укинувањето на бесцаринското купување во авионите.

Loading...

Иако распродажбата не беше премногу популарна, тие добиваа дополнителен приход од продажбата за време на летовите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез свика кризен совет: Шпанија се опоравува од голем прекин на струја

Износот на тој приход зависи, меѓу другото, од бројот на продадени производи и времетраењето на летот.

„Луфтханза“ не е првата авиокомпанија што се откажува од купување „над облаците“, нивниот конкурент КЛМ го стори тоа пред шест години, според германските медиуми.