Годинава велигденските богослужби во Ватикан ќе ги водат неколку кардинали, а на мисите нема да учествува папата Франциско, кој се опоравува од болест, соопшти прес-службата на Светата столица.
Забележано е дека мисата на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар на Велика Сабота, 19 април 2025 година, ќе ја води кардиналот Џовани Батиста Ре, по инструкции на папата Франциско, пренесува Vatican News.
Во недела на Велигден, 20 април, кардиналот Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот Свети Петар.
Кардиналот Доменико Калкањо ќе претседава со мисата на мирот во базиликата Свети Петар на Велики четврток наутро, по наредба на Папата.
Мисата на Страдањата Господови на Велики петок во базиликата Свети Петар, во име на Папата, ќе ја предводи кардиналот Клаудио Гуџероти.
Папата беше хоспитализиран на 14 февруари во римската болница Гемели поради тешка респираторна инфекција.
Првично беше лекуван од бронхитис, а потоа му беше дијагностицирана билатерална пневмонија.
Ватикан на 21 март објави дека папата полека ги враќа силите, но ќе мора повторно да научи како да зборува откако ќе прими терапија со кислород.
Папата беше отпуштен од болница на 23 март и моментално се опоравува во папската резиденција Каса Санта Марти, пренесува Танјуг.