Песков: ЕУ на секој начин ја покажува својата намера да го продолжи конфликтот во Украина

Сподели со своите пријатели

Европските земји ја покажуваат својата намера да ја поддржат Украина во нивната желба да ја продолжат војната на секој начин, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Loading...

„И Европа на секој начин ги објавува своите намери да продолжи да ги поддржува Украина и режимот во Киев во желбата да ја продолжи војната. Исто така е многу важно да се биде свесен за ова во оваа ситуација“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека се уште нема јасни контури за договор за решавање на конфликтот во Украина, но постои политичка волја да се оди во таа насока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовен украински напад: Горат згради во Курск (ВИДЕО)

„И уште еднаш повторувам, многу, многу позитивно ги оценуваме конструктивните и значајни контакти што се случија“, рече Песков.

Според него, Русија и Вашингтон работат напорно за мир, додека Европа „напорно работи за војна“.

„Мораме и јасно да разбереме дека во овој момент се одвива интензивна работа меѓу Москва и Вашингтон. Згора на тоа, таа се одвива во име на мирот. И во овој контекст, европските земји продолжуваат да работат во име на војната“, рече Песков.

Како што наведе, Украина секојдневно ги напаѓа објектите на руската енергетска инфраструктура.

„Привремениот мораториум не го почитуваат украинските вооружени сили. Гледаме секојдневни напади врз објекти на енергетската инфраструктура во Руската Федерација. Важно е сите да го знаат тоа“, рече Песков, пренесе Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: На Словените им е забрането тоа што им е дозволено на Албанците

Тој додаде дека Кремљ со Министерството за одбрана на Русија ќе го провери датумот на истекување на привремениот мораториум на ударите на енергетските објекти во Украина, но, како што истакна, се зависи од наредбата на рускиот претседател Владимир Путин.

Песков истакна дека економската соработка меѓу Русија и САД може да игра стабилизирачка улога за светот.

„Контактите се одржаа зад затворени врати и не би сакале да ги објавиме предвреме. Но, фактот дека постои огромен потенцијал за заемно корисна економска соработка меѓу Русија и Соединетите Американски Држави и дека оваа економска соработка може да игра сериозна стабилизирачка улога за целиот свет е несомнено“, одговори Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џеј-Ди Венс ја повика Европа да не биде „траен вазал“ на САД

Тој изјави дека во следните неколку дена не се планирани разговори меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.