Службеничка на МВР од Куманово се сомничи дека го оштетила буџетот за 417.000 денари

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за своја вработа во Управната служба во Куманово под сомнение за „несовесно работење во службата“.

Loading...

МВР ја сомничи својата вработена дека нанела штета на буџетот во износ од 417.500 денари.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П. за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик, велат од полицијата.

Како што се додава во соопштението, пријавената М.П,. врабoтена како овластено службено лице- референт во Одделението за управни работи Куманово во период од 11.01.2024 до 19.12.2024 од магацинот  на  СВР Куманово задолжувала платливи обрасци и регистарски таблици наменети за работа на шалтер на МВР во станица за технички преглед на подрачјето на СВР Куманово, примала барања и документи од странки за регистрација на возила, издавала регистарски таблици и платливи обрасци без да им изврши наплата, односно без да и бидат приложени уплатници за извршена уплата или непосредно да изврши наплата преку службениот Пос Терминал со банкарската картичка, со што пријавената М.П.,  иако била свесна и знаела дека не се исполнети законски пропишаните предуслови,  несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, без претходно да ја запази процедурата за регистрација на возила, со што нанела материјална штета на буџетот на МВР во износ од 417.500 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнатото девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка, додаваат од полицијата.

МВР и пред неколку дена поднесе кривична пријава за службеничка од Управната служба во Куманово. Не е познато дали станува збор за иста личност, но иницијалите се исти.

Никола Ивановски