Две лица од Куманово се пријавени за исчезнати во изминатото деноноќие, информираат денеска од кумановската полиција.
Во првиот случај било пријавено дека е исчезнат 61-годишник од селото Табановце.
– На 13.04.2025 во 13.30 часот во СВР Куманово, A.A.(26) од село Табановце, кумановско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко С.А.(61), велат од СВР Куманово.
Изминатото деноноќие исчезнат е и 26-годишен кумановец кој имал здравствени проблеми.
– На 13.04.2025 во 14.00 часот во СВР Куманово, Н.М.(55) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.М.(26), кој имал здравствени проблеми, велат од полицијата.
Од СВР Куманово уверуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Никола Ивановски