Без струја дел од центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови од центарот на Куманово денеска останаа без напојување со електрична енергија, а причината е искината подземна инсталација.

Loading...

– При изведување на работни активности од страна на друг субјект кој извршувал градежни работи за свои потреби, се искинати два подземни среднонапонски кабли кои се во сопственост на Електродистрибуција. Како резулатат на тоа, без снабдување со електрична енергија остана централното градско подрачје на Куманово, информираат од Електродистрибуција.

Дел од корисниците веќе имаат снабдување со електрична енергија, а екипите продолжуваат со префрлување на останатите корисници на алтернативни напојни точки.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово на вториот владин повик ќе аплицира со 11 проекти