БРЗИ И ПИЈАНИ: СВР Куманово приведе пет возачи

Сподели со своите пријатели

Пет лица биле приведени вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, четворица за брзо возење во населно место, а еден возел под дејство на алкохол.

Loading...

– На  13.04.2025 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи

М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница за деца „Недовршена приказна“ утре во Куманово

Кај  Ј.Н. (50) од Крива Паланка било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со брзина од 99 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

С.С.(18) од Куманово управувал патничко моторно возило „фиат“ со брзина од 91  километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Додека, А.А.(40) од Куманово управувал патничко моторно возило „порше“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

С.В.(38) од Скопје бил лишен од слобода затоа што управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнатото девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

– По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од полицијата.

Loading...

Никола Ивановски