Тројца приведени: Во Студена Бара се заканувале со огнено оружје

Сподели со своите пријатели

Три лица биле приведени вчера, меѓу кои и еден малолетник по пријава дека се заканувале со остар предмет и огнено оружје на лица во кумановско Студена Бара.

Loading...

– На 13.04.2025 година во 01.15 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.М. (47) од село Пчиња, Л.С. (19) од Скопје и еден малолетник ,затоа што во селото Студена Бара со остар предмет и огнено оружје им се заканувале на К.П.(24) и Б.Ѓ. од Студена Бара, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат до МВР, лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведен 21-годишник (ФОТО)

Никола Ивановски