Пратеникот на Трамп патува во Русија за да се сретне со Путин?

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска да се сретне со претседателот Владимир Путин, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со патувањето.

Loading...

Тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина.

Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „гневен“ поради коментарите на Путин за Украина.

Минатата недела Виткоф беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите, пишува „Аксиос“.