Данската премиерка до Гренланѓаните: Останете силни и достоинствени. Трамп не се откажува!

Сподели со своите пријатели

Пред доаѓањето на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и други американски претставници, данската премиерка Мете Фредериксен ги предупреди Гренланѓаните дека интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд „не исчезнал“ – и веројатно нема да исчезнат наскоро.

Loading...

Фредериксен го пофали народот на Гренланд што „останува цврсто и достоинствено“ и покрај обидите на Трамп да го присвои арктичкиот остров, истакнувајќи дека останува силен американски интерес во регионот.

Во пораката објавена на социјалните мрежи, Фредериксен вели:

„Вниманието е големо, а притисокот е огромен. Но, токму во такви моменти се покажува карактерот. Не се повлековте. Останавте верни на себе и на своите вредности. И за тоа ја имате мојата длабока почит”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдени тела на тројца американски војници во Литванија

Гренланд е автономна територија во рамките на Кралството Данска, со околу 56 илјади жители кои исто така се дански државјани.

Изјавите на Трамп дека сака да го „купи“ Гренланд – дури и со сила, ако е потребно – предизвикаа тревога во Копенхаген, кој инаку е долгогодишен сојузник на Вашингтон.

Премиерката предупреди дека Трамп не се откажува од идејата и дека неговите планови не се променети.

„Тоа е јасно од неговите многубројни јавни изјави – вклучително и денес“, рече Фредериксен, алудирајќи на радио интервју во кое Трамп повтори дека САД мора да го „добијат“ Гренланд.

Loading...

Таа додаде дека САД, без оглед на противењето на Данска, ќе продолжат да „дејствуваат во согласност со сопствените интереси“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Шин Бет

Откажано патувањето

„САД многу добро знаат дека Гренланд не е на продажба. Тие исто така знаат дека Гренланд не сака да биде дел од САД “, рече Фредериксен.

Првично беше планирано потпретседателот Венс и втората дама Уша Венс да го посетат главниот град Нук и да присуствуваат на трка со санки со кучиња.

Тој дел од патувањето, сепак, беше откажан откако данските и гренландските власти го критикуваа времето на посетата – веднаш по изборите на Гренланд и за време на преговорите за формирање нова влада.

Освен тоа, најавени се и протести против американската делегација, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот и отпорот кон намерите на Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја потврди смртта на тројца американски војници во Литванија

Фредериксен го нарече откажувањето „неприфатлив притисок“.

И покрај се, премиерката призна дека американскиот потпретседател, кој неодамна ја обвини Данска дека „не ја врши својата работа“ за безбедноста на Арктикот, е во право барем за една работа.

„Кога потпретседателот Венс вели дека ниту САД ниту Данска не направиле доволно за безбедноста на Гренланд – тој не греши. Затоа решивме да ја смениме одбранбената политика“, рече таа.

Loading...

Данска на почетокот на годината најави инвестиција од повеќе милијарди евра за зајакнување на своето одбранбено присуство на Арктикот, нагласувајќи дека промените доаѓаат во светло на новите глобални безбедносни предизвици.