Пет инспекциски тимови се активно на терен и ќе се вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, информираше денеска на прес конференција портпаролот на Владата Марија Митева.
– Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат, рече Митева.
Како што додаде таа, целата потребна документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена.
– Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник и е доставен до надлежните институции. Со ова, Државниот пазарен инспекторат и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите, изјави Митева.
Никола Ивановски