УХМР најавува нестабилно и постудено време

Сподели со своите пријатели

Денес во попладневните и вечерните часови претежно во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.).

Loading...

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

И утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец.

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата прогласи 7-дневна жалост

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см).

Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.

Никола Ивановски

Loading...