Мотор удрил во 21-годишен кумановец: Повредени и моторџијата и пешакот

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешо, откако мотоцикл удрил во 21-годишен пешак на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Loading...

– На 14.03.2025 во 12.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(42) од Куманово, удрил во пешакот А.Н.(21) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.Н., констатирани во Ургентен центар Куманово, додека возачот Д.Д. се здобил со телесни повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски