Во својот двор кумановец пронашол заталкано зрно од огнено оружје

Сподели со своите пријатели

Заталкано зрно од огнено оружје викендов во својот двор пронашол жител на Куманово, по што пријавил во полиција.

Loading...

– На 09.03.2025 во 14.00 часот во СВР Куманово, Н.С. од Куманово пријавил дека во неговиот двор на улица „Горно Милановачка“ пронашол заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Проектилот, како што додаваат од полицијата, бил подигнат за понатамошна обработка, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаа мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени тенејџери од Куманово, нападнале сограѓанин на плоштадот