Пет лица ќе одговараат за трговија со дете од Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет лица ќе одговараат за трговија со дете, а во врска со нелегален обид за посвојување на бебе од Куманово.

Loading...

Полицијата го расветли случајот откако пред извесно време мајка пријави дека пар од Арачиново не ѝ го враќал бебето што им го дала на привремено чување.

– Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,  поднесе кривична пријава против А.М.(44), А.М.(35), Ф.А.(61) и Ѓ.К.(55), сите од Скопје и против М.М.(41) од Куманово поради постоење основи за сторено кривично дело „трговија со дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  24-годишен кумановец починал на клиника во Скопје

Како што додаваат од МВР, во текот на 2024 година, пријавените А.М., А.М., Ф.А. и Ѓ.К., користејќи ја финансиска состојба на пријавената М.М., која била бремена, ја измамиле така што ѝ обезбедиле финансиска помош во висина од 250 до 270 евра, како и бесплатни лекарски прегледи за незаконско посвојување на нејзиното новородено бебе.

– На 18.02.2025, откако М.М. родила женско бебе, со нотарска изјава му дала старателството на А.М., дека бебето го остава доброволно на чување, воспитување и издржување, за што и била исплатена сума од 4.000 евра.

Од страна на судија на претходна постапка, на А.М. и М.М. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.М., Ф.А. и Ѓ.К. им е одредена мерка домашен притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за полицајци од Куманово за злоупотреба на службена положба

Никола Ивановски