Трамп до Американците: Грижете се помалку за Путин, повеќе за мигрантите и нарко босовите

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека луѓето во таа земја треба помалку да се грижат за рускиот претседател Владимир Путин, а повеќе за мигрантските банди и нарко босовите – „за да не завршиме како Европа“.

Loading...

„Треба да трошиме помалку време за да се грижиме за Путин и повеќе да се грижиме за мигрантските банди силувачи, нарко босови, убијци и луѓе од ментални институции кои доаѓаат во нашата земја – за да не завршиме како Европа“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.

Во согласност со најавата на Трамп, Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и наредил на американската сајбер команда да ги запре офанзивните сајбер операции против Русија, во обид САД да ги обноват односите со Русија и да постигнат договор со Москва за мир во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каја Калас се жали на промената на однесувањето на Америка по разговорите со Русија

Во извештајот на американскиот весник, во кој се цитираат изјави на актуелен функционер и двајца поранешни функционери запознаени со наредбата на министерот за одбрана, се наведува дека наредбата за прекин на офанзивните сајбер операции против Русија е издадена пред средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, која заврши со размена на остри зборови и без најавеното потпишување на договор за украинските минерали.