Моќен циклон се приближува до Маурициус и Реунион. Прогласена виолетова тревога (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Островите Маурициус и Реунион во Индискиот Океан прогласија состојба на готовност поради силната тропска бура од трета категорија Гаранс, која е наречена „непосредна закана“ за овие туристички дестинации, јавува Франс 24.

Loading...

Маурициус го затвори главниот аеродром во средата, додека блискиот француски остров Реунион се очекуваше да го стори истото вчера.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штрајкови и масовни протести во Грција на втората годишнина од железничката несреќа

Властите на островот Реунион денеска прогласија највисока „виолетова тревога“ на островот поради приближувањето на циклонот.

„Соочени со директен удар, со удари на ветрови кои надминуваат 200 км/ч, префектот ќе издаде виолетова тревога“, се вели во соопштението на властите објавено на X.

 

Loading...

 

„Директна закана“

Метеоролошката служба на Маурициус соопшти дека циклонот се наоѓа на 310 километри северозападно од островот и дека станал „интензивна тропска бура“.

„Циклонот опасно се приближува до Маурициус и претставува директна закана“, се вели во извештајот и се додава дека се очекуваат поплави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трагедија во одморалиште, двајца руски туристи пронајдени мртви

 

 

Загрозени 900 илјади жители

Гаранс се движеше кон исток, но се сврте кон југ и се очекува да помине помеѓу Маурициус и Реунион.

Loading...

Според сегашната патека, денеска се очекува циклонот да помине на 50 километри од Реунион, се вели во соопштението на префектурата.

 

 

 

Метеоролошката служба Метео-Франција предупреди дека може да има „директен удар“ на Реунион, повикувајќи го населението од околу 900.000 луѓе да остане во затворен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бундестаг: Засега ништо од барањето за забрана на АфД