Шефот на украинските шпиони: „Русија сака да создаде империја. Овие 4 земји се следните цели“

Сподели со своите пријатели

Шефот на Украинската главна управа за разузнавање (ХУР), генерал-полковник Кирил Буданов, во понеделникот рече дека Русија не се гледа себеси како федерација, туку како империја.

Loading...

„Империјата кон која се приклонува сегашното раководство на Руската Федерација е создадена по моделот на Советскиот Сојуз, но со земјите од Варшавскиот пакт“, рече Буданов, а пренесува Киев пост.

Според Буданов, доколку Русија успее да создаде империја, нејзини следни цели ќе бидат Полска, Чешка, Унгарија и Бугарија.

„Следна ќе биде Полска – тоа директно ви го кажувам. И нема потреба да се плашите, само треба да бидете свесни за тоа“, рече Буданов и продолжи:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што прават 300 специјалци од Унгарија во Република Српска?

„Потоа доаѓаат Чешка, Унгарија и Бугарија. За земјите од поранешниот Варшавски пакт, тоа е минимумот доколку се создаде империја, а потоа којзнае што би можело да следи“.

Буданов смета дека на Русија во моментов и е потребен одмор за да ја врати силата и да работи на грешките.

„Русија разбира дека е нереално да се очекува брзо да ја постигне својата цел. Тие одат напред, но напредокот не е доволно значаен, не е доволен за брзо постигнување на нивната стратешка цел и затоа им треба одмор“.