Лани одземени 755 возачки дозволи на пијани возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 755 возачки дозволи одзела сообраќајната полиција во Куманово во текот на 2024 година,  откако било утврдено дека возачите биле пијани.

Loading...

Дури 17.681 казна напишала полицијата во Куманово лани.

Поради утврдени нерегуларности од сообраќај лани биле исклучени вкупно 565 возила, најголем дел од нив поради необновена регистрација до 30 и над 30 дена како и технички неисправни возила.

Од сообраќај лани биле исклучени и 3.263 возачи, најголем дел од нив поради управување возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола, возач почетник и останати причини согласно законските прописи.

Констатираните прекршоци во најголем дел, според годишниот извештај, биле поради движење со поголема брзина од пропишаната, возач кој не носи заштитен шлем, непрописно престигнување, недавање првенство на минување, недавање првенство на пешаци, како и прекршоци сторени од страна на пешаци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Деве Баир запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење (ВИДЕО)

Полицијата лани извршила и тестирања со алкометар на вкупно 9.148 возачи, при што времено биле одземени 755 возачки дозволи.

Никола Ивановски