Израелскиот претседател Исак Херцог го осуди Хамас за „шокантно и ужасно кршење“ на договорот за прекин на огнот, откако организацијата го предаде телото на неидентификувана жена од Газа, тврдејќи дека тоа е на израелската затвореничка Шира Бибас.
„Телата на Ариел и Кфир, толку чисти и невини, се идентификувани, додека нивната сакана мајка, Шири, останува во заробеништво“, рече Херцог, според Тајмс оф Израел.
Тој тоа го нарече уште еден „суров чин на терористите на Хамас“, кои продолжуваат да демонстрираат целосна нечовечност.
Израелскиот претседател нагласи дека Израел „со големо нетрпение гледа на ослободување на уште шест киднапирани лица овој викенд“ и додаде дека земјата мора да направи „се што е во нејзина моќ за да го врати секој заложник“, пренесува Танјуг.