Економската активност во германскиот приватен сектор во пораст втор месец по ред

Сподели со своите пријатели

Економската активност во германскиот приватен сектор се зголемува втор месец по ред пред парламентарните избори, се вели во првата прелиминарна проценка на S&P Global објавена денеска.

Loading...

Вредноста на композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI) на најголемата европска економија се зголеми во февруари од јануарските 50,5 поени на 51 поен, што значи дека вторпат по ред е над прагот од 50 поени што го дели проширувањето, односно растот на економската активност, од контракција или пад на економската активност.

Германскиот услужен сектор постојано расте веќе три месеци, а ситуацијата во производството останува тешка, но е малку подобрена, коментира Сајрус де ла Рубија, главен економист во Хамбург Комерцијална банка (ХЦОБ), пренесува Танјуг.

Според него, рано е да се слави, бидејќи германскиот производствен сектор најверојатно ќе се соочи со значителни предизвици во наредните месеци поради најавените американски царини.

Деловното расположение во голема мера ќе зависи од способноста на новата германска влада да обезбеди стабилност додека презема храбри чекори, додаде Де ла Рубија.

Клучното прашање е дали идната влада ќе ја ревидира германската „должничка кочница“, која станува се понесоодветна поради потребата од големи инвестиции, пишува Блумберг.

Претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, оваа недела изјави дека Германија е особено ранлива на протекционизам и царини од Соединетите држави поради нејзината зависност од извозот.

Неговата институција предвидува економски раст на Германија од само 0,2 отсто во 2025 година и предупредува дека прогнозата може дополнително да се влоши доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи увозни царини.

Loading...