Илон Маск, кој го предводи американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), зборуваше на конференција во Националното пристаниште во Мериленд, држејќи го подарокот што претходно му го подари аргентинскиот претседател Хавиер Мајли – моторна пила.
„Ова е пила за бирократијата“, рече Маск, кревајќи ја пилата во воздух, пренесе Ројтерс.
На црвената метална пила е изгравирана порака од аргентинскиот лидер на шпански: „Viva la libertad, carajo“ или „Да живее слободата, по ѓаволите“.
Маск води значителни намалувања во американската влада, што влијае на банкарските работници, ракетенолозите и десетици илјади други државни службеници.
Американската служба за внатрешни приходи во четвртокот информираше 6.000 вработени дека ќе бидат отпуштени.