Американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која му се наложува на американскиот државен секретар Марко Рубио да ја реструктуира службата за надворешни работи за да обезбеди „верно и ефективно спроведување“ на надворешната политика на Трамп, објави Ројтерс.
Loading...
Трамп во наредбата вели дека ги прави промените за да се осигура дека надворешната политика на САД е усогласена со неговата политика „Америка на прво место“.
Трамп, исто така, повеќе пати ветуваше дека ќе ги отпушти бирократите што ги смета за нелојални, пренесува Танјуг.