Експлозија во трговски центар во Тајван, неколку мртви

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа, а неколку други се повредени во експлозија во трговски центар во Тајван, соопштија локалните власти.

Loading...

Според првичните информации, најмалку пет лица загинале, а седум се повредени.

Експлозијата се случила на 12 кат каде се градела ресторан, додаваат пожарникарите.

Според кинеските медиуми, бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи повредените се донесени во тешка состојба и без витални знаци.

Експлозијата била толку силна што најмалку четири лица биле исфрлени низ прозорецот.

Безбедносните камери го снимиле моментот на експлозијата. Од силината се тресеа и околните згради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Најопасно време да се биде новинар“: Рекорден број на загинати новинари во 2024 година

Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас од боца која била заменета при реновирањето на ресторанот.

Во тек е операција за пребарување и спасување.

Loading...

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!