Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата дома му пронашла оружје, но и дигитални ваги.
Loading...
– На 11.02.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од СВР Куманово, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол, куршуми, дигитални ваги и пари.
– М.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски