Пет нови посилни земјотреси на Санторини!

Сподели со своите пријатели

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Loading...

Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути, на 24 километри југоисточно од Аморгос, пренесува „Катимерини“.

Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3,35 до 4,23 часот.

Во 06:21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.

Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност која започна на почетокот на февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Константинос Тасулас е новиот претседател на Грција

Од 1 февруари, повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Киклади, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.

Општина Тира соопшти дека продолжила со спроведување на итните мерки за зачувување на работните места, вклучително и суспендирање на договорите за вработување и обезбедување финансиска поддршка на работниците.

Loading...

Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еди Рама полуде и удри со тупаница во масата: „Е*и се!“ (ВИДЕО)