Европската унија го поддржa Хаг по санкциите на Трамп врз судот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во петокот го поддржаа Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против персоналот на судот.

Loading...

– МКС мора да биде слободен да ја продолжи својата борба против глобалната неказнивост. Европа секогаш ќе се залага за правда и почитување на меѓународното право“, објави Фон дер Лајен на социјалните мрежи.

– Санкционирањето на МКС ја загрозува независноста на Судот и го поткопува системот на меѓународната кривична правда во целина – изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп за судирот на авион и хеликоптер го обвинува застарениот американски систем за контрола на летање

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот одобри финансиски и визни санкции насочени кон луѓето кои работат на истраги на Меѓународниот кривичен суд против американски државјани или американски сојузници како Израел, повторувајќи ги потезите што ги презеде за време на неговиот прв мандат.

Овој потег беше протест против судскиот налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дојде додека израелскиот лидер беше во посета на Вашингтон.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ја осуди одлуката бидејќи „ја поткопува неговата судска работа“.

Тој ги повика 125-те земји-членки „да се обединат“ за правда и човекови права.

– Судот цврсто стои со својот персонал и се обврзува дека ќе продолжи да обезбедува правда и надеж за милиони невини жртви на злосторства ширум светот, во сите ситуации пред него – соопшти МКС.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

МКС е основан во 2002 година за да ги гони воените злосторства, злосторствата против човештвото, геноцидот и злосторството на агресија кога земјите-членки не сакаат или не можат сами да го сторат тоа.

Може да гони злосторства извршени од државјани на држави-членки или други актери на територијата на земјите-членки.