Украина тврди дека нападнала аеродром во руската област Краснодар и предизвикала пожар

Сподели со своите пријатели

Украинските сили тврдат дека во текот на ноќта го нападнале аеродромот Приморско-Ахтарски во Краснодарскиот крај, Русија, со беспилотни летала, кои според нив предизвикале експлозии и пожар.

Loading...

Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук објави дека целта е погодена и дека се проценува причинетата штета.

Аеродромот се користи за складирање и лансирање на беспилотни летала „Шахид“ кои Русија ги лансира низ територијата на Украина, како и за сервисирање на авиони кои ги напаѓаат украинските региони Запорожје и Херсон, пренесе Укринформ, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)