Улицата „Моша Пијаде“ една од најстерите артерии во центарот на Куманово наскоро ќе биде реконструирана.
Проектот освен нова асфалтна подлога, опфаќа и реконструкција и замена на подземната инфраструктура и нова електрична и оптичка инсталација.
Освен тоа, ќе се постави и нова атмосферска канализација, ќе се смени водоводна и фекална мрежа, а ќе се обезбедат и 108 паркинг места за жителите на улицата.
По реконструкцијата ќе се постават столпчиња за да се спречи паркирање на тротоарите, а ќе се постават и полуподземни контејнери.
Кога ќе започнат градежните активности ќе се воведе времен режим на сообраќај. Едната лента ќе биде затворена, а за пешаците ќе се постават посебни премини.
Станува збор за проект кој Општина Куманово ќе го реализира со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.
Општина Куманово ги повикува житежите од оваа улица да дадат свои забелешки и предлози на проектот.
Формуларот за доставување коментари и предлози може да се преземе од веб страницата на Општина Куманово, а граѓаните своите предлози, идеи и забелешки во однос на проектот може да ги достават заклучно со 18 февруари.
Никола Ивановски