37-годишник нападнат со тврд предмет во Иго Тричковиќ

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец пријавил дека бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет во населбата Иго Тричковиќ.

Loading...

– На 03.02.2025 во СВР Куманово, М.И.(37) од Куманово пријавил дека во населбата Иго Тричковиќ бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  38-годишник натепан во Студена бара