Шолц: ЕУ може да реагира на американските царини, но целта треба да биде соработката

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Европската унија е доволно силна да одговори на какви било царини наметнати од Америка, но рече дека целта треба да биде соработката меѓу трговските партнери.

Loading...

„Јасно е дека како силна економска област можеме да ја обликуваме сопствената иднина и да одговориме на тарифните политики. Но, перспективата и целта треба да бидат работите да резултираат со соработка“, им рече Шолц на новинарите по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе воведе царини за стоки увезени во САД од ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приштина во неволја: Одлуката на Трамп замрзна милиони евра помош од УСАИД

Новиот белгиски премиер Барт Де Вевер, по пристигнувањето на состанок посветен на европската одбрана, оцени дека би било погрешно да се мисли дека Европа може да се брани и рече дека Европа треба да продолжи со НАТО сојузот со САД.

Тој вети дека неговата влада ќе ги зголеми трошоците за одбрана, пренесува Ројтерс. „Се надеваме дека ќе ги зголемиме воените трошоци на два отсто од БДП, а дискусиите за поголема цел се за подоцна“, рече тој.

Романскиот претседател Клаус Јоханис рече дека Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана за да ја зајакне својата стратешка отпорност.

За време на состанокот во Брисел, лидерите на ЕУ се очекува да разговараат за воените капацитети и европската одбранбена индустрија, а во таа насока, Јоханис ја истакна потребата од соодветно финансирање, кое не се гледа само како повеќе пари што се трошат, туку и како ефикасно искористување на постоечки алатки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плата и до 7.000 евра: Ова се ТОП 3 најплатени професии во Германија

Зборувајќи за одбраната, тој укажа на потребата од комплементарност меѓу ЕУ и НАТО, според Аџерпрес.

Денеска во Брисел се одржува неформален состанок на лидерите на ЕУ, на кој фокусот ќе биде ставен на европската одбрана и зајакнување на одбранбените капацитети.

Loading...

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека наскоро ќе воведе царини за стоките увезени во САД од Европската унија и не ја исклучи таквата мерка против Обединетото Кралство, пренесува Танјуг.