Остатоци од уништено руско беспилотно летало паднале во близина на метро станица во Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
Loading...
„Остатоците од непријателски дрон паднаа во близина на метро станица во областа Дарницки во главниот град. Сите служби за итни случаи се испратени на локацијата“, рече Кличко на Телеграм.
Тој додаде дека, според првичните податоци, „нема пожар и жртви“, пренесува Укринформ.
Пред тоа во Киев беше прогласена воздушна тревога поради закана од руски напад со јуришни беспилотни летала, пренесува Танјуг.