Украинската влада одлучи да го разреши Дмитро Клименков од функцијата заменик министер за одбрана, соопшти постојаниот претставник на Кабинетот на министри во Врховната Рада, Тарас Мелничук.
„Кабинетот на министри на Украина го разреши Дмитро Олегович Клименков од функцијата заменик министер за одбрана на Украина“, напиша тој на Телеграм, пренесува Укринформ.
Дмитро Клименков беше назначен за заменик министер за одбрана на 5 октомври 2023 година.
Министерот за одбрана Рустем Умеров на 24 јануари објави дека поднел барање до Кабинетот на министри за разрешување на неговиот заменик Дмитриј Клименков поради проблеми со снабдувањето на армијата со оружје.
Многу се зборува за набавка на оружје за армијата, но резултатот е незадоволителен
Според него, набавката на оружје, која треба да биде затворена за време на вонредната состојба и војната со Русија, „поради некоја причина се претворила во Амазон, каде секој корисник на интернет може во реално време да види кој што купува, количество и од кој производител“.
„И обемот на овие набавки, кои во најмала рака одговараат на ПР во медиумите, не ги почувствуваа нашите бранители на фронтот… Го менуваме системот за резултатот да биде на фронтот, а не во вестите. Заклучи Умеров, пренесува Танјуг.