Германскиот генерал-мајор Кристијан Фројдинг предупреди дека Русија брзо се вооружува и е способна да ги покрие загубите што ги претрпе во Украина, пишува The Independent.
Фројдинг, кој е директор на Заедничкиот штаб за планирање и команда во Министерството за одбрана од јуни 2023 година, додаде дека не е сосема невозможно Москва во иднина да нападне членка на НАТО.
– Не само што ги надоместуваат загубите, туку и се вооружуваат. Создаваат услови кои ќе им помогнат да нападнат членка на НАТО – рече Фројдинг.
– Производството расте, залихите во магацините растат – изјави генерал-мајор Фројдинг, кој соработува со Специјалниот штаб за Украина.
Генералот, исто така, ја истакна посебната улога на Северна Кореја и Иран, кои ги пополнуваат дупките во руските редови и снабдувањето со оружје.
За време на состанокот во Давос, Зеленски предупреди дека Русија сериозно ја зголемила својата војска и воведе воена економија.
– Русија мобилизираше 600.000 војници и може да создаде сила од 1,5 милиони луѓе. Ова е неколку пати повеќе од која било поединечна европска национална армија“, рече украинскиот претседател.
Се поставува прашањето колку е реален руски напад врз членка на НАТО.
Нашироко е познато дека Алијансата е структурирана на принципот „Напад врз една членка е напад врз сите“.
Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, влезе во НАТО на 4 април 2023 година.
Иако влегувањето на Финска во Алијансата ѝ даде на Русија илјада километри нова граница со НАТО, освен неколку празни закани од Лавров, Москва не се обиде да спречи Хелсинки.