Онлајн состанок меѓу Путин и Џинпинг неколку часа по инаугурацијата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Неколку часа откако Доналд Трамп официјално стана претседател на САД, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин одржаа онлајн состанок, на кој се договорија за дополнително зајакнување на билатералните врски, објавија државните медиуми во двете земји.

Loading...

Нарекувајќи го Си Џинпинг „драг пријател“, Путин рече дека Русија и Кина ги градат врските „на основа на пријателство, взаемна доверба и поддршка“ и покрај надворешниот притисок, јавува денеска Би-би-си на српски јазик.

Си го повика Путин „да продолжи да ја продлабочува стратешката координација, да ја зајакне меѓусебната поддршка и да ги штити легитимните интереси“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп во вторникот се закани дека ќе ги зголеми тарифите за кинески увоз и предупреди дека ќе дојде „голема неволја“ за Москва доколку не постигне договор за ставање крај на војната во Украина.

Трамп постојано изјавува дека ќе ја реши војната во Украина во рок од 24 часа, но никогаш не даде детали за тоа како планира да го стори тоа.

Тој не ја спомна војната во Украина за време на неговиот инаугуративен говор.

Путин му рекол на Си дека секоја резолуција за руско-украинската војна „мора да ги почитува руските интереси“, изјави за новинарите советникот за надворешни работи Јуриј Ушаков по разговорите на двајцата лидери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Берлин: Ова е катастрофа за американско-германските односи

„Путин и Си ја потврдија својата подготвеност да градат односи со САД на взаемна корисна и почитувана основа, доколку тимот на Трамп покаже интерес“, рече Ушаков.

Loading...

Тој, сепак, рече дека разговорот „во никој случај не е поврзан со инаугурацијата на Трамп“.

Разговорот траеше околу час и половина, а Путин и Си разговараа и за состојбите на Блискиот Исток, Јужна Кореја и Тајван, според Ушаков.

Кинеските државни медиуми објавија дека Си исто така изразил подготвеност да работи со Путин како одговор на „надворешните несигурности“, без да навлегува во детали.