Руската страна се уште не добила согласност за именување на нов амбасадор во Америка, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На крајот на ноември во медиумите се појави информација дека најверојатен кандидат за функцијата руски амбасадор во Америка би можел да биде Александар Дарчиев, шеф на северноамериканскиот оддел на руското МНР.
Засега нема официјална потврда за оваа информација.
Од руското МНР изјавија за Тасс дека одамна одлучиле за кандидат за нов амбасадор во САД, без да го именуваат.
Назначувањето на руски амбасадор во Америка во блиска иднина го најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходниот руски амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, се врати во Москва откако беше разрешен од функцијата врз основа на указ издаден од рускиот претседател Владимир Путин, јави Танјуг.