Во Техеран денеска беа застрелани двајца судии на Врховниот суд на Иран, а уште еден судија е ранет, јавија иранските медиуми.
Loading...
Како што е соопштено, напаѓачот се самоубил откако отворил оган врз судиите пред Врховниот суд.
Иранските медиуми јавуваат дека е ранет и телохранител на еден од судиите.
Опозиција: Судени политички затвореници
Мотивот за атентатот се уште не е познат.
Судските власти ги идентификуваа убиените судии како ајатолахот Мохамад Могисех и Али Разини.
Опозициските веб-страници во минатото тврдеа дека Могисех бил вклучен во судењата на луѓе кои ги опишаа како политички затвореници.