СЗО: Увозот на хуманитарна помош во Газа треба да се зголеми на 600 камиони дневно

Сподели со своите пријатели

Претставникот на Светската здравствена организација за окупираната палестинска територија, Рик Пеперкорн, денеска изјави дека треба да се дозволи увозот на хуманитарна помош во Газа значително да се зголеми, на околу 600 камиони дневно.

Loading...

Пеперкорн на прес-конференција во Женева нагласи дека тоа е „многу можно“, особено кога се отвораат други премини поради договорот за прекин на огнот, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Светската здравствена организација планира да испрати неодреден број монтажни болници во Газа за да помогне во опустошениот здравствен сектор, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел: Објавени имињата на 33 заложници кои треба да бидат ослободени во првата фаза