Литванија ги зголемува трошоците за одбрана на пет до шест отсто од БДП од 2026 година

Сподели со своите пријатели

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда денеска изјави дека земјата одлучила да ги зголеми трошоците за одбрана на пет до шест проценти од бруто домашниот производ (БДП) почнувајќи од 2026 година.

Loading...

Литванија во моментов издвојува нешто повеќе од три отсто од својот БДП за одбраната, објави АП.

Одлуката на претседателот ја прави Литванија првата членка на НАТО која вети дека ќе ја достигне целта од пет проценти, неодамна поставена од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Наузеда изјави дека „историската одлука“ ја донел литванскиот Национален совет за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крај на деценискиот конфликт? ПКК објави планови за распуштање и разоружување!