Украинците тврдат дека синоќа собориле 33 руски дронови

Сподели со своите пријатели

Украинската ПВО собори 33 од 50-те дронови лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Loading...

Тие велат дека 9 беспилотни летала се „изгубени“, мислејќи на употребата на електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напуштил Украина во правец кон Романија.

„Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала“, соопшти војската на платформата Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Загрижени сме поради идејата за поместување на британската воена инфраструктура кон руските граници

Тие додадоа дека под напад е и пристаниште во реонот на Дунав.

Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот.