Премиерот на Гренланд испрати јасна порака до Данците и Американците

Сподели со своите пријатели

Гренландскиот премиер Муте Егеде во четвртокот инсистираше на тоа дека островот сака блиски односи со САД и Данска, но само до одредена граница.

Loading...

„Народот на Гренланд не сака да биде Данец. Народот на Гренланд не сака да биде Американец“, рече Егеде во интервју за Фокс њуз.

Изјавите на премиерот ризикуваат да го фрустрираат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој изрази интерес да го преземе стратешки лоцираниот и богат со ресурси остров, пишува Politico.

Данската премиерка Мете Фредериксен го поддржа тврдењето на Егеде дека „Гренланд не е на продажба“, повторувајќи ја таа порака директно до Трамп во телефонскиот разговор во средата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една земја подготвена да биде домаќин на средбата Путин - Трамп за Украина

Во интервју за Брет Бајер, Егеде го поздрави силното партнерство со ЕУ и САД и изрази отвореност за зголемени европски и американски инвестиции во рударскиот сектор на островот, повторувајќи го ставот изразен во написот на министерката за природни ресурси на Гренланд, Наја Х. Натаниелсен објавено во четвртокот во Вашингтон пост.

Егеде изјави дека Гренландците би избрале независност доколку им се даде можност да гласаат на референдум – и дека одлуката треба да биде во нивни раце.

„За иднината на Гренланд ќе одлучува народот на Гренланд“, рече тој.

Доколку оваа данска територија постигне независност, додаде тој, Гренланд би сакал да остане дел од НАТО како земја членка и да одржи силно безбедносно и одбранбено партнерство со САД и ЕУ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто милијардерите Маск, Безос и Цукерберг паѓаат пред Трамп?

„Важно е да се види дека ако Гренланд ги преземе овие чекори, ние секогаш ќе бидеме дел од западната алијанса и силен партнер на САД“, рече тој, „бидејќи вашата безбедност е наша безбедност“, рече тој.