Кумановец ги натепал родителите и оштетил покуќнина

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен завчера по пријава дека физички ги нападнал сопствените родители.

Loading...

– На 15.01.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и оштетил дел од покуќнината, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово распиша повик за субвенционирање на трошоци за домување (ВИДЕО)