Штета од 150 милијарди долари: Изгореа домовите на Мел Гибсон и Ентони Хопкинс

Сподели со своите пријатели

Илјадници згради се уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, додека списокот на изгорени домови на познати личности се зголемува, а првичните проценки на штетата се високи до 150 милијарди долари.

Loading...

Во пожарите кои беснеат во Лос Анџелес досега загинаа најмалку 11 луѓе, а околу 12.000 згради се пепел.

Бројот на евакуирани се зголеми на околу 180 илјади.

Материјалната штета, се разбира, сè уште е во доменот на претпоставките, бидејќи владините претставници се уште не дале проценка.

AccuWeather, приватна фирма која обезбедува временски податоци, процени дека „изгореле“ помеѓу 135 и 150 милијарди долари.

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден најави дека американската влада ќе ја надомести целата штета.

Повеќе од 5.300 објекти, вклучително и домови на бројни познати личности, беа оштетени или уништени во ридската приморска заедница Пацифик Палисадес.

Последни во низата познати личности чии домови изгореа се актерите Мел Гибсон, Џеф Бриџис и Ентони Хопкинс, а според пишувањата на медиумите, еден од среќниците е Том Хенкс, пред чија куќа „запрел“ пожарот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ја осудува одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти

 

 

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се неколкуте среќници чиј дом остана недопрен во страшниот пожар што беснее во Лос Анџелес. Огнот запре, се чини, токму пред нивната вила.

Домот на холивудската ѕвезда за чудо остана недопрен.

Куќата вредна 26 милиони долари која Том и неговата сопруга Рита ја купиле во 2010 година успеале да остане недопрена, а фотографиите покажуваат дека пожарот престанал речиси на прагот.

 

Loading...

 

Мел Гибсон рече дека неговиот дом бил уништен додека бил отсутен на снимањето на подкастот на Џо Роган и додаде дека неговиот имот во Малибу целосно изгорел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Бајден зад себе остава валкани траги

Според пишувањата на медиумите, се верува дека актерот Ентони Хопкинс (87), исто така добитник на Оскар, го загубил својот дом за кој се проценува дека вреди шест милиони долари и кој Хопкинс често го објавувал на социјалните мрежи.

 

 

Мајлс Телер, најпознат по улогата во филмот Top Gun: Maverick, и неговата сопруга Кели Спери, исто така, го загубија својот дом во Пацифик Палисадес.

Спери сподели слика од пожарот на Инстаграм и ги повика жителите на областа да остават чинии со вода за напуштените и изгубени животни кога ќе ги напуштат своите домови.

Loading...

Телевизискиот водител Рики Лејк, исто така, ги информираше своите следбеници дека го изгубила домот од соништата и објави дека тагува покрај сите погодени од овој апокалиптичен настан.

Според новинарите, во пожарите биле уништени и домовите на актерите Џон Гудман, Ана Фарис и Кери Елвис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп веќе подготвил над 100 извршни наредби за неговиот прв ден во Белата куќа

Меѓу првите познати личности кои ја информираа јавноста дека го изгубиле домот е Парис Хилтон. Таа објави на Инстаграм дека ја гледала нејзината куќа во Малибу како гори до темел во живо на телевизија.

Актерот Џејмс Вудс исто така остана без покрив над главата, како и неговиот колега Адам Броди.

 

Loading...

 

Брачен пар – актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис – исто така останаа без семејниот дом, каде што живееја од 1979 година.

Откажани номинации, премиери…

Објавувањето на овогодинешните номинации за Оскар, закажано за 17 јануари, сега е одложено за два дена, а гласањето за околу 10.000 членови на Академијата, што беше отворено на 8 јануари, е продолжено за два дена, а ќе трае до 14 јануари.

Премиерите на филмовите Unstoppable, Better Man и Wolfman, како и церемонијата на доделувањето на наградите на Screen Actors Guild се откажани.