Стапката на смртност од дрога по глава на жител во Европа е највисока во Шкотска, со тројца Шкоти кои умираат од дрога секој ден.
Истражувањата покажаа дека во последните неколку години повеќе од 1.500 бебиња се родени зависни од дрога.
Токму затоа е отворено првото легално место за косумација – Thistle, пишува Гардијан.
Целта на овој проект е да им обезбеди на најранливите зависници место каде што ќе можат да земаат дрога во чисти и безбедни услови, под надзор на здравствени работници.
Thistle ќе биде отворен секој ден, од 9 до 21 часот.
Интересот за слични проекти почна да се појавува низ Обединетото Кралство, а многумина бараат и законски измени кои би го олесниле целиот процес.
Многу лекари се согласуваат дека оваа област е дел од социјалната грижа, особено поради големиот број на зависници кои го сочинуваат шкотското општество.
Но, има и голем број критичари кои сметаат дека средствата за овој проект би биле покорисни во здравството.
Проектот за безбедна потрошувачка на дрога започна пред 10 години кога Шкотска се бореше со голем број луѓе кои живеат со ХИВ.
Зелено светло беше дадено дури откако Владата потврди дека корисниците на просторот нема да бидат кривично гонети.
Поединците кои сакаат да конзумираат дрога сигурно нема ни да мораат да го откријат својот идентитет.
Доволно е да разговарате со персоналот за наркотиците што ги користат, а потоа тие можат да одат во кабината за инјектирање каде што се под надзор на лекар.
По земањето дрога, корисниците имаат можност да се релаксираат во дневната соба или да се истушираат во чистите бањи.
– Клучот за оваа услуга ќе бидат односите што ги градиме. Нашата работа е да направиме луѓето да се чувствуваат безбедно и да ни веруваат – изјави менаџерот за услуги на Thistle, Лин Мекдоналд.